Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска постави в.д. директор на МКЦ

Данела Арсовска постави в.д. директор на МКЦ

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, го разреши директорот на јавната устанува Младински културен центар, Русе Арсов, и на негово место за вршител на должност го постави Ванчо Богоев, кој наедно ќе раководи и со подружницата Кино Милениум.

Арсов си поднесе оставка поради здравствени причини на крајот од минатата година. 

Името на Арсов беше поврзано со организацијата на новогодишниот дочек на 2020 на Плоштад Македонија и настапот на Дино Мерлин. Државната комисија за спречување на корупција отвори случај за спорниот договор помеѓу Град Скопје и МКЦ за организацијата на настанот.

Богоев доаѓа на местото на Арсов од редовите на самата јавна установа.

Директорот на МКЦ се избира на конкурс што го распишува Град Скопје

А.К.

Слично

Поврзани вести