Данела Арсовска постави уште еден директор од „огнената група“ на ДУИ
Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, се согласила за првпат во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје за директор за прв пат да биде именуван Албанец.
Алсат неофицијално дознава дека именувањето на Назми Рамани за директор на училиштето доаѓа како резултат на постигнат договор меѓу „Огнената група“ на ДУИ и градоначалничката Арсовска.Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник директор во ова училиште.
Синот на поранешниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи и Саид Саид се меѓу новите в.д. директори на Јавни претпријатија во Скопје што претходно ги објави Град Скопје, а ги назначи Арсовска по повлекувањето на директорите од ВМРО-ДПМНЕ.
Зухејр Реџепи, синот на поранешниот Реис ќе биде директор на ЈП Паркови и зеленила, а Саид ќе биде директор на ЈП Улици и патишта. Реџепи е дел од огранокот на ДУИ во Сарај, додека Саид од огранокот на ДУИ во Чаир, односно важат за блиски до Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од таканаречената „Огнена група“ која деновиве јавно се спротивстави против политиките на лидерот, Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби.
