Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска откако се запали куќа во Чаир по кражба на струја: Нека одморат од МВР, една ко ниедна

Данела Арсовска откако се запали куќа во Чаир по кражба на струја: Нека одморат од МВР, една ко ниедна

Градоначалничката на Скопје,Данела Арсовска, излезе со реакција во јавноста, откако пред четири дена беше објавено дека куќа во Чаир се запалила од кабел преку кој се крадел струја.
„Нека одморат од МВР и Обвинителство, една ко ниедна што ако се запалила, оние 159 небезбедни згради што крадат струја и вода ќе почекаат. Сега е жешко да се бркаат криминалци не се работи во лето, па ќе биде врнежливо, па ќе дојде зима. Ако не се вика Висар и брат да им е ќе одговара. Апсете наставнички во Демир Хисар, мора да се сузбие криминалот. Циркуз“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Претходно пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој бил диво приклучен на бандерата и со него се вршела кражба на струја. Во инцидентот немаше повредени, а предмет отвори и јавното обвинителство.


Слично

Поврзани вести