Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска остана без заменичка

Данела Арсовска остана без заменичка

Скопската градоначалничка остана без заменичка.

Денеска оставка ѝ понуди Бујаре Абази која доаѓаше од партијата Алијанса за Албанците.

Абази преку прес конференција ја соопшти оставката, а како што рече поради скандалозните прекршувања направени од Арсовска.

„На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните“, кажа Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.

Бујаре на функцијата заменичка беше назначена од Арсовска во ноември минатата година.

Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е наедно и член на Советот на Град Скопје по локалните избори што се одржаа во октомври.


Слично

Поврзани вести