Данела Арсовска: Орце прогласувал патеки и седишта за дивоградби
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, по подолго време се огласи на социјалните мрежи и го обвини нејзиниот наследник Орце Ѓорѓиевски дека прогласувал, како што рече, патеки и седишта за дивоградби.
„Орце Самка Ѓорѓиевски по наредба од уплашените другарчиња Изет Меџити и Висар Ганиу, патеките и седиштата на отворено, направени од Град Скопје ги пријавил како дивоградби.
Самка брат, ПАТЕКИ и СЕДИШТА!!! Сериозен си?? Во Чаир не одиш да прошеташ?Барале од Орце, да најде било каква дивоградба во град Скопје, ако треба и да ја измисли. КЛОВНОВИ, за тие земни урбани сегменти по ЗАКОН не е потребна градежна дозвола, да требало Град Скопје ќе си ја издал сам на себе. Пресмешни сте.
Само на ОЧАЈНИ луѓе може да им текне да рушат патеки и седишта за кои не треба дозвола, за да ја поклопат темата за АПСЕЊАТА поврзани со ЧАИРСКИТЕ ДИВОГРАДБИ“, реагира Арсовска.
Слично
