Данела Арсовска нападната во Чаир: Побарала и лекарска помош
Во Чаир денеска околу пладне била физички нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, потврдуваат за Фактор од МВР.
„На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош“, потврдуваат од МВР за Фактор.
Засега се непознати деталите за нападот. Полицијата работи на расчистување на случајот, додека пак од Обвинителството велат дека кај нив не е стигната пријава.
На нападот претходеа низа присуства на Арсовска во Чаир, каде укажуваше на дивоградби, а јавно ги објавуваше и имињата на инвеститорите. Таа покажуваше и онлајн закани кои доаѓаа кон неа, а поднесе и кривични пријави.
