Данела Арсовска испрати допис за поевтинување на градскиот паркинг
Скопската градоначалничка Данела Арсовска доставила допис до раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“ да се изготви нов ценовник, односно да се намали цената на паркирањето, известува Град Скопје.
Поевтинувањето треба да биде 25 отсто, односно за 10 денари. Намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг.
До крајот на неделава треба да биде усвоен новиот ценовник на седницата на УО на „Градски паркинг“, а потоа одлуката да биде прифатена на седница на Град Скопје.
Слично
