Данела Арсовска искрена: „Независни“ експерти во експертска Влада може да ја доведат државата во крах
Партиски договори за „независни" експерти во Влада, кои ќе спроведуваат агенди, а не се избрани ниту одобрени од граѓаните, може да ја доведат целата држава и кревката македонска економија до крах, заклучува во објава на фејсбук Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори.
Таа вели дека интересно ќе биде да се види листата на тие "независни" експерти кои предложени и избрани од политичките партии, би ја воделе идната експертска влада.
„Досега имаше само поразителни резултати, кога партиите зад затворени врати далеку од очите на јавноста и спротивно на демократските принципи креираа дивоградби преточени во институции и тела кои треба да водат важни процеси. Некои од тие т.н. "експерти" неславно завршија, како одраз на погрешни кадровски решенија кои не се базирани врз принципот на меритократија, ниту се избрани со почитување на демократските принципи и владеење на правото, вели Арсовска.
