Данела Арсовска: Град Скопје не потпишува договори за пречистителна станица
Градоначалничката Данела Арсовска денеска во „Студио10“ на Телевизија 24 рече дека таа и Град Скопје не се тие кои го потпишуваат договорот со операторот за капиталниот проект од 200 милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води на Вардар. Според Арсовска, тоа било фама на ВМРО-ДПМНЕ за политички поени, а како што вели таа, единствен потписник е ЈП Водовод и канализација - Скопје.
- Градот Скопје никаде ништо не потпишува, тоа е веќе надвор од доменот на рационалното, да кажувате дека некој секојдневно кажува невистини. Нека им е со среќа, но доколку Градот не е засегнат и не е потписник, како може Арсовска да е потписник. Но треба да го измислат потписот на Арсовска за да си го кренат рејтингот, рече градоначалничката.
Пред околу пет недели, земјава доби неповратни средства во висина од 70 милиони евра од ЕУ за изградба на пречистителната станица за отпадни води, кој претставува капитален проект тежок 200 милиони евра. Скопската градоначалничка Арсовска беше на потпишувањето на договорот за доделување грант. Министерката Каја Шукова тогаш изјави дека работат на надминување на предизвиците со Градот Скопје и дека разговарале со градоначалничката Данела Арсовска за договорите наскоро да бидат потпишани.
ВМРО-ДПМНЕ потоа објави дека Данела Арсовска го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје и паднале во вода лагите дека разрешениот директор Златко перински „го брцнал рачето во медот“.
- Се си е функционално, се си е транспарентно, ние добиваме комплетни извештаи за работењето, да бидеме информирани за сите процеси бидејќи ние сме основач на овие јавни претпријатија. Повеќе од ова не очекуваме од никого, а не како порано да се реферира само пред партискиот лидер. Ние сме само гарантор од 2019 кога почна процесот, додаде Арсовска.
Јавниот повик е , што да кажам, на никого не му е да чека , ниту треба да . Од 1 мај додека папиролошки, ќе имаме завршување со еден договор, со чесни граѓани кои сакаат чесно да ја обавуваат својата работа
Сега се обидуваме да направиме нов систем - поквалитетен, но некој го саботира да трае подолго за да се иритираат патниците и самата нервоза да се пренесе на Град Скопје
Патниците чекаат еден час на автобуските станици поради советниците. Тие се популисти кои удоволуваат на своиет партиски лидери.
По трет пат пропадна повикот
ЈСП има капацитет да ја врши оваа дејност, но прават милионски километраќи и мора да апдејтира возниот парк, оние Јутонзи по природата на своите нешта треба да се обновува
Ако порано можело да се набават 250, ние имаме мал буџет без поддршка од централниот буџет. Советниците нека ги одберат условите з ајавната набавка и нека бидат условите како што тие сметаат. Целиот процес дури нека го тераат, но видовме дека не е искрена намерата. Тие не го изгласаа ова.
Секоја година по малку, никогаш да не почувствуиваат граѓаните дека некогаш ќе им биде ограничено движењето.
