Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНЕЛА АРСОВСКА: Ги повикувам сите кои не се задоволни од досегашните градски власти, да се здружиме и да ги победиме

ДАНЕЛА АРСОВСКА: Ги повикувам сите кои не се задоволни од досегашните градски власти, да се здружиме и да ги победиме

Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според последните податоци од Државната изборна комисија, е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа, со што влегува во вториот круг. Таа вели дека не е политичар, ниту ќе биде политичар и дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани подеднакво.

„Во Скопје е време за промени. Благодарам за поддршката и за сите кои го дадоа гласот за мене. Овој резултат покажува дека е време за модерно Скопје како и дека сакаме да живееме во модерен град. На овие избори беше важно да победиме за поубаво Скопје. Им честитам и на останатите кои се во трка за да направиме промени за градот. Настапот и програмите на овие кандидати внесоа енергија за нова трка. Како човек кој што ќе го води градот Скопје, кој што ќе биде модерна метропола, ги повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, да се здружиме и да ги поразиме“, нагласи Арсовска на денешната пресконференција. 
Таа потенцира дека граѓаните виделе што може да направи досегашниот градоначалник, кој што, како што нагласи, не реализирал ниту пет отсто од она што го ветил. 
„Овие три недели за мене беа една интересна трка, каде се покажа дека ниту црната кампања не поминува повеќе кај скопјани. Време е за промени, за позитивни промени во Скопје. Она што е важно е дека денес е нов почеток за следниот круг на избори. Не застануваме, туку заедно продолжуваме и во вториот круг да излезете во уште поголем број. Ниту еден ден скопјани повеќе не треба да живеат во метеж и во урбанистички хаос“, изјави Арсовска. 

Слично

Поврзани вести