Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска: Да не беше хакирано министерството, се ќе ни беше исплатено досега

Данела Арсовска: Да не беше хакирано министерството, се ќе ни беше исплатено досега

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на седница на Советот на Град Скопје уште еднаш повтори дека не е блокирана сметката на градот, туку имало проблеми со трансакциите поради неодамнешниот хакерски напад на Министерството за финансии.

-Да не беше хакираниот напад на Министерството за финансии, се што е тековна обврска ќе ни беше исплатено. Меѓутоа ние не зборуваме дека Трезорот не функционира веќе трета недела, ќе зборуваме за градот дека бил банкротиран. Економски неписмено е да зборувате и да кажете дека една ваква институција е пред банкрот, рече Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Пред една недела Министерството за финансии демантираше дека системот е хакиран, но некое време не можеше да се пристапи кон веб страницата а некои медиуми веќе објавија дека се работи за хакерски напад.

Слично

Поврзани вести