Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНЕ ТАЛЕСКИ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: ВЛАДАТА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НЕ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ

ДАНЕ ТАЛЕСКИ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: ВЛАДАТА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НЕ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ

„За спорот што Грција го има со нашето уставно име е потребен општ национален и меѓуетнички консензус. Влада може да биде предводник на процесот, но прва задача што мора да ја реализира е да ги вклучи сите релеватни институции - Собранието, Претседателот , Опозицијата . Но треба и целокупната јавност да биде информирана за сите можности и алтернативни решенија во врска со пршањето за името“, изјави Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот за емисијата Фактор магазин  на ТВ24.

Според него, премиерот Заев и Владата се отворени за соработка и вклученост на опозицијата  за можните излезни решенија, но и од  нивната страна треба да има конструктивен пристап.

„Нашата цел е Македонија идната година да ги отпочне преговроите со ЕУ и по можност да стане земја членка на НАТО . Има различен спектар на предизвици на тој план, некои се поврзани со домашната ситуација, некои се поврзани со регионалните односи и односите со соседите“, рече Талески  додавајќи дека  не смета оти има сериозни критики од Брисел дека е забавен реформскиот пат.

ЕУ  ни потенцираше дека сега има работи кои треба да се финализираат и дека ќе биде еден густ период на завршување на реформите. Нивната сугестија беше ако може тие да се спроведат со соодветна динамика за да се запазат предвидените рокови.  Но не зависи се од Владата, тука се и други чинители“, рече во интервју за Фактор магазин Дане Талески советник за надворешна политика на премиерот.

Слично

Поврзани вести