Дане Талески конечно заминува во Брисел
По повеќе од една година откако беше назначен за прв Амбасадор на Мисијата во НАТО, Дане Талекси, на 10 јануари заминува во Брисел. Ова на денешната прес-конференција го потврди премиерот Зоран Заев.
Советникот за надворешна политика на премиерот во ноември лани го доби акредитивното писмо, а истиот период ја претстави и програмата пред Собранието. Со испраѓањето на Талески се заокружува процесот на пристапување на Македонија во северноатлантската алијанса како 30-та полноправна членка.
Предлогот за Талески претходно беше усогласуван со шефот на државата Стево Пендаровски, а опозицијата критикуваше дека тој не може да добие безбедносен сертификат.
Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето.
Слично
