Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дамовски за 27 април: Насилното однесување на изолираната толпа немаше врска со „За заедничка Македонија“

Дамовски за 27 април: Насилното однесување на изолираната толпа немаше врска со „За заедничка Македонија“

Еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничката Македонија“, Борис Дамовски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 рече дека не чувствува одговорност за ескалацијата на еден од протестите на ова движење кога се случи насилството во Собранието.

„Одговорност треба да чувствуваат тие што ги наместија настаните на 27 април. Јас сум спремен да образложам за што ние се залагавме и дека насилното однесување на изолираната толпа немаше врска со „За заедничка Македонија“. Обвинителството ги има сите докази и би било фер да ме повикаат и да ме сослушаат“-  рече Дамовски.

Вели дека Богдан Илиевски-Бетмен со  ангажманот во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ само им наштетил. 

Слично

Поврзани вести