Дамовски и Јовановски меѓу испратените од домашен притвор во истражен затвор
Режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски кои беа меѓу најистакнатите водачи на протестите на „За заедничка Македонија“ кои заедно со толпата упаднаа во Собранието се меѓу шесте обвинети кои од домашен притвор ќе одат во истражен затвор.
Ова е резултат на прифаќањето на жалбата на Јавното обвинителство кое за сите осомничени лица во истрагата базирана на кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста побара мерка на задржување во притвор од 30 дена.
Судот по поднесената жалба го прифати барањето на ЈОРМ, па така преиначен е домашниот притвор на Дамовски и Јовановски. За делото кое ги товари ЈОРМ пропишана е минимална затворска казна од 10 години.
Истрагата на обвинителството продолжува по треба да следи оформување на обвинителен акт. Дел од осомничените се уште не се достапни за органите на прогонот.
