Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАМОВСКИ, ДУРЛОВСКИ, ЈОВАНОВСКИ И ИЛИЕВСКИ СО ЗДРАВИЦА ГО ПРОСЛАВИЈА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА РУСКОВСКА: „Празник!!! Вилмоодјављаније!!!“

ДАМОВСКИ, ДУРЛОВСКИ, ЈОВАНОВСКИ И ИЛИЕВСКИ СО ЗДРАВИЦА ГО ПРОСЛАВИЈА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА РУСКОВСКА: „Празник!!! Вилмоодјављаније!!!“

Откако Советот на јавни обвинители на вчерашната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител, Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Игор Дурловски и Борис Дамовски, објавија фотографија на која наздравуваат за разрешувањето на Русковска. 

Сите четворица беа обвинети за настаните од 27 април.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, по седницата во изјава за медиумите, рече дека разрешувањето на Русковска е поради сторена тешка дисциплинска повреда, а дејствијата кои ги презела ќе бидат детално опишани во писмено изработената одлука, што ќе биде јавно објавена.

- Писмено изработената одлука ќе биде објавена на веб страната на Советот на ЈО и ќе може подетално да се запознаете со истата, изјави Димитриеска.


ФОТО: Фејсбук/Богдан Илиевски



Слично

Поврзани вести