Даме Димитровски, советникот на Мицкоски, избран за претседавач на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски на конститутивната седница на Град Скопје е избран за претседавач на Советот.
Професорот од Машински факултет - Скопје беше носител на кандидатската листа на советници во Советот за Град Скопје oд ВМРО-ДПМНЕ
Димитровски е актуелниот советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина во Владата и е поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ.
До сега беше претседател на Управен одбор на Дрисла, депонијата која изминатото лето ги труеше скопјани со пожарите и беше еден од најголемите загадувачи.
Слично
