Економија, финансии, бизнис

Контакт

Далноводот Вруток-Полог-Тетово влегува во завршна фаза

Далноводот Вруток-Полог-Тетово влегува во завршна фаза
Започнува изградбата на последната делница од далноводот Вруток-Полог-Тетово, кој треба да ја подобри енергетската стабилност на мрежата и да ги реши проблемите со снабдувањето со струја на жителите од полошкиот регион. Во оваа последна трета фаза, според информациите од МЕПСО, ќе бидат изградени вкупно 38 столбови - кај 23 градбата е веќе започната, додека 15 ќе почнат да се градат во зависност од временските услови. Работите ги изведува ЕМО од Охрид. На стартот на изградбата на оваа последна делница од проектот вреден три милиони евра, присуствуваа министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на АД МЕПСО Синиша Спасов.
„Со новиот далновод придобивки ќе имаат и жителите на регионот и особено индустриските капацитети бидејќи на овој начин се добива постабилна и посигурна електрична енергија и се надминуваат големите проблеми од минатото кога имаше чести и подолготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија“, рече Сарачини.
Парите за проектот се обезбедени од Европската инвестициска банка. Во следниот период ќе отпочне обновата и на далекуводот Скопје-Тетово за што се определени околу 3,2 милиони евра. Овој проект треба да започне со реализација кон крајот на април и почетокот на мај кога треба да се добие одобрението за градба
Слично

Поврзани вести