„Далма“ ќе тужи по труењето во Воената академија
„Далма фоод и кетеринг“ соопшти дека не е пронајдена вина во нивните реодви за труењето од храна на дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, кои во текот на минатата недела се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.
Од Министерството за одбрана претходно соопштија дека комисијата во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата одлучиле да го раскинат договорот со кетеринг компанијата доколку се утврдат недостатоци и неправилности.
„Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Далма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје (носител на набавка), сакаме да ги информираме засегнатит страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024, надлежни органи и Институции на РСМ извршија вонредна контрола на кујната во рамки на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ СКОПЈЕ каде се подготвува храната (оброците) за АРМ.
Од сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење. Дополнително, во рамки на контролата се земени и брисеви од опремата и од вработените кои исто така се негативни во целост“, вели компанијата во денешната реакција.
Како што додаваат, за јавно искажаните лаги и шпекулацииДалма кетеринг ќе поднесе соодветни правни акти.
