Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Живаљевиќ имал дозвола за присуство во Собранието и од кого?

Дали Живаљевиќ имал дозвола за присуство во Собранието и од кого?

Српскиот претседател, Александар Вучиќ вчера во Дневникот на РТС, изјави дека српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ на 27 април годинава за време на насилства во Собранието на Македонија бил таму со знаење и допуштање на тогашните македонски власти.

Вучиќ вели дека Живаљевиќ не заминал во Собранието на „своја рака“ и без знаење на македонски власти.

„Тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија, највисококо раководство и рекол дека сака да биде таму. И тие беа целосно запознаени со неговото присуство таму“ - изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека во Брдо кај Крањ, бил замолен Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија, како што и е направено, но потоа повторно, за тој чекор, почнале да му зборуваат на Белград дека Србија е виновна за нешто штом го повлекла тој човек.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение  ги демантира тврдењата на Вучиќ дека некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник Горан Живаљевиќ да влезе во Парламентот на Република Македонија за време на инцидентот.

„ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека ниту МНР, ниту Владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение“- велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение. Од партијата велат дека доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираат дека дефинитивно такво нешто не е издадено.

Слично

Поврзани вести