Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали земјотресите во Охрид се предизвикани од активирањето на вулканот кај Косел?

Дали земјотресите во Охрид се предизвикани од активирањето на вулканот кај Косел?

Косел — село во Општина Охрид. Ќе ве изненади секогаш кога ќе поминете низ селото, одејќи од Охрид накај Ресен или обратно. Ако сте го знаеле, веќе знаете дека тоа е местото што го најавува заминувањето или пристигнувањето во Охрид. На прв поглед, охридското село Косел ќе ви изгледа како едно обично македонско крајпатно село, чиј почеток и крај се означени со големи жолти табли. Така е сe додека да стигнете некаде до средината на селото, кога ќе почувствувате чуден мирис. Но, не брзајте да им испратите чуден поглед на луѓето со кои се возите. Мирисот што ве збунил го испуштаат неколкуте дупки над селото, познати како единствениот жив вулкан на Балканот.

Серија земјотреси во изминатите неколку дена со епицентар во околината на Косел-најсилниот беше вчера 5,0 степени по Рихтер

Дел од охридските медиуми пренесоа дека засилен мирис на сулфур и чад од вулканот во селото Косел забележале охриѓани. Кај вулканот се отвориле нови шест дувала кои се видливи веднаш што ќе се стигне на местото, велат граѓаните.


Од отворот пак ако ги погледнеме видеата кои вчера ги преплавија социјалните мрежи избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. 

Од Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје посочуваат дека Косел во поранешна Југославија се учеше во учебниците по географија за основно образование како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. „Всушност, станува збор за раседна пукнатина, или пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на земјината површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден,два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион. Станува збор за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан - туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“ - велат од Институтот.

Експертите го испитуваат тлото кај Косел

Претставници на локалната самоуправа, на Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, синоќа одржале кооединативен состанок во зградата на општината со цел да ги договорат мерките кои институциите ќе ги преземат во насока на смирување на граѓаните кои сериозно се загрижени за својата безбедност по серијата земјотреси кои го тресат Охрид повеќе од две недели, пишува охридњуз.

Експертите како причина за земјотресите во охридскиот регион ги посочиле тектонските движења на земјените плочи долги околу 20 километри во раседот помеѓу Охрид и Ресен,. Тие укажуваат дека нормално е по земјотрес со магнитуда како вчерашниот да има серија помали потреси кои не можат да предизвикаат посериозни штети и да ги загрозат живототите на луѓето.

Дополнителни мерни инструменти во епицентарот на земјотресите во охридскиот регион кај селото Косел поставува и сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Граѓаните ноќта ја поминаа под отворено небо

Порад вознемиреност и страв од посилен земјотрес, граѓаните на Охрид ноќта ја поминаа на отворено во шатори и покрај смирувањата од надлежните.

Експерите велат дека нема простор за паника и дека не се очекуваат земјотреси со поголема јачина, освен афтершокови кои можат да потраат извесен период, дополнувајќи дека сепак земјотресите се уште не можат да се предвидат. 

И градоначалникот Никола Бакрачески посочи дека ја разбира вознемиреноста на граѓаните и упати апел за смиреност, посочувајќи дека институциите ги преземаат сите мерки за справување со последиците од земјотресот.

И на крај се поставува прашањето: Дали земјотресите во Охрид се предизвикани од активирањето на Дувалото кај Косел?

Се додека експертите не го потврдат ова тврдење дотогаш не можеме да тврдиме дека вулканот се буди.

Слично

Поврзани вести