Дали завршија екстремно жешките денови за ова лето?
„Температурите ќе бидат далеку под просекот за почетокот на август месец…Можно е дури снег да видат и највисоките планини во Словенија, на пример повторно снег може да види планинскиот врв Кредарица каде неодамна заврна снег. Падот на температурите ќе се почувствува и кај нас, што значи оваа промена доаѓа и кај нас (најверојатно). Ако снегот во Алпскиот регион се појавуваше во подоцните есенски месеци, сега снегот таму е честа појава ова лето. Факт е дека глобалното затоплување не постои, и не треба толку да му се дава важност и да се објавува за него. Во тек е глобално заладување. Не значи ако десет или петнаесет денови ова лето имавме екстремно високи температури, и имаме глобално затоплување“, вели Попоски.
Ектремно високите температури на Балканскиот Полуостров најверојатно завршија. Сега според горе наведеното, следува голема промена на времето и ново заладување, и тоа уште кон крајот на седмицата, односно околу 6-7 август.
