Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Законот за јазици е причината за нападот на Горан Милевски?

Дали Законот за јазици е причината за нападот на Горан Милевски?

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски,  вели за „А1он“ и „Макфакс“ дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

„И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата“- вели Милевски.

Според него, големи се шансите овој напад да е тесно поврзан со изгласаниот закон за употреба на јазиците. Пратеникот уште еднаш порача дека ваквите напади нема да ги поколебаат пратениците да ја остварат зацртаната цел.

Слично

Поврзани вести