Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ЗАХАРИЕВА ПОПУШТА: Вели Бугарија не сака Скопје и Тирана да бидат раздвоени на патот кон ЕУ

ДАЛИ ЗАХАРИЕВА ПОПУШТА: Вели Бугарија не сака Скопје и Тирана да бидат раздвоени на патот кон ЕУ

Бугарската министерка за надворешни работи,  Екатерина Захариева вели дека Бугарија е против раздвојување на Скопје и Тирана  на патот кон ЕУ. 

Таа вели дека Бугарија е против Албанија и Северна Македонија да бидат раздвоени при започнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, ова го изјави по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Захариева вели дека бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да ѝ помага на Албанија.

„Бугарија е подготвена да го поддржи изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија со наставници и учебници“, изјави Захариева.

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспортот, економијата и туризмот, објави БГНЕС.

Премиерот Зоран Заев по средбата на Захариева и македонскиот шеф на дипоматијата, Бујар Османи во Софија изјави дека е можно да не ги почнеме преговорите со ЕУ и дека треба народот да биде подготвен за тоа. 

Османи сепак е оптимист дека ќе се најде решение. 

Заев денеска изјави дека сака да ја посети Бугарија, и да се сретне со колегата Борисов.

фото БГНЕС

Слично

Поврзани вести