Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Заев размислува за реконструкција на Владата?

Дали Заев размислува за реконструкција на Владата?

Премиерот Зоран Заев вели дека засега не планираат никаква реконструкција на Владата или евентуални промени на коалиционите партнери. 

Но, додава дека сите опции се отворени. Една од алтернативите е и ДПА да биде составен дел на Владата, вели Заев. 

„Досега немаме седнато на маса да правиме комбинации за нова Влада, промени на Влада или слично. Секако, локалните избори се многу важни, општините се многу важни и нема да е за чудо тоа ако предизвика одредени промени, но нема да е за чудо ако останат исти позиции. Ние сме подготвени секако градиме пријателство со сите“ - рече Заев.

Се појави информација дека Алијансата за Албанците на Зијадин Села ќе ја напушти Владата, а на нејзино место ќе влезе ДПА на Мендух Тачи.

Слично

Поврзани вести