Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Заев очекува пречки од Бугарија на патот кон ЕУ?

Дали Заев очекува пречки од Бугарија на патот кон ЕУ?

Maкедонскиот премиер, Зоран Заев не очекува блокада од Бугарија на нашиот европски пат. 

Тој смета дека бугарскиот народ, сака да му помогне на македонскиот. Не верува дека источниот сосед ќе ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. 

Додава дека Бугарија е европска земја и верува дека во самите разговори, во самите документи е поради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на херојот Гоце Делчев. 

„Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел заради тоа што дефинитивно од почетокот до ден денес Бугарија е еден од најголемите, ако не и најголем поддржувач на Република Северна Македонија во интеграциите во ЕУ“, изјави премиерот. 

Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ, пренесува МИА.

Изминатиот период, имаше контроверзни изјави за Делчев и македонскиот јазик. 

Слично

Поврзани вести