Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Заев и пратениците ги прецизираа амандманите?

Дали Заев и пратениците ги прецизираа амандманите?

Премиерот Зоран Заев во Собранието попладнево разговарал за деталите за уставните измени со пратениците кои гласаа „За“, од опозицијата. 

Зборувале за суштината, и заокружиле. Сега во Владата, како што вели Заев ќе биде утврден текстот. 

„Секој пратеник има можност да додаде амандмани на нацрт амандманите“, вели Заев. 

Рече дека целта е да има инклузивност. Верува дека има и други пратеници кои мислат дека ова е начин да се обезбеди европската иднина. 

„Времето многу брзо ќе потврди дека сме на вистинската страна“, рече Заев. 

Смета дека Договорот со Грција е праведен и дека и двете страни добиваат. 

Заев вели дека можно е да бидат четири, пет, а можеби и шест амандмани, уште не се знае точно. 

Пратеникот Крсто Мукоски рече дека генерално го усогласиле текстот, а со амандманите бараат да се заштити јазикот, индентитетот и културното наследство. Според Мукоски, во прашање се четири амандмани. Мукоски е убеден дека со амандманите ќе има заштита во сите сегменти. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести