Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали за Румен Радев е прифатлив предлогот на Силва?

Дали за Румен Радев е прифатлив предлогот на Силва?

Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, вели бугарскиот претседател, Румен Радев. 

Тој денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои денеска наутро прво ја посетија Софија, а потоа допатуваа во Скопје за да разговараат за можното деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Радев посочил дека Бугарија ќе продолжи да ги поддржува кандидатите за пристап во Унијата за да ги исполнат копенхагеншките критериуми за членство, како и да ги промовира принципите на добрососедство и почитување на човековите права.

Повеќе бугарски медиуми пишуваат дека официјална Софија кажала не за португалскиот предлог бидејќи тој многу не се разликувал од она што веќе го предложи Германија при последниот ваков обид. 

Премиерот Зоран Заев за предлог решенијата на министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји вели дека имаат  добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое се убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија. 

Шефовите на дипломатиите на Австрија, Словенија и Чешка викендов ќе бидат во посета на Скопје и Тирана. 

Слично

Поврзани вести