Дали во Македонија има заразени функционери?
Во Владата нема лица коишто би имале индикации за тестирање, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот вели дека има линеарно зголемување на бројот на заразени со Ковид 19 во земјата.
Смета дека мерките кои сега се на сила даваат резултат.
Најновите податоци покажуваат дека има уште 5 смртни случаи, вкупно 599 заразени, а состојбата на родилката од Куманово се влошува.
Филипче вели дека ги надополнуваат резервите со заштитна опрема.
Од утре има продолжен полициски час, кој ќе почнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.
Слично
