Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени?
Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финански криминал, дознава Телма.
Според нивни извори, кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми.
Кај директорот на Управата за финасиската полиција Арафат Муареми пред неколку дена имаше претрес.
Слично
