Дали ВМРО-ДПМНЕ може да стане најголем бранител на новинарите?
ВМРО ДПМНЕ со остри критики ја обвини власта за пртисок и закани и секојдневна цензура на медиумите. Членовите на опозициската ВМРО- ДПМНЕ велат дека оваа власт ја задушува медиумската слобода, и ги крши правилата на демократијата.
„СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари. Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа, се вели од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, дали ВМРО има образ да ги штитат новинарите, ако го напоменеме фактот дека за време на нивното владеење се апсеа и затвораа новинари, намерно се уништуваа медиуми, а Македонија беше меѓу последните држави во Европа по медиумски слободи, а денес како опозиција, да обвинува за цензура и притисок врз медиумите.
Медиумите не смеат да бидат задушувани, а уште помалку да се ограничува нивното работење и пристапот на информации.
