Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ВМРО-ДПМНЕ го загуби коалицискиот потенцијал?

Дали ВМРО-ДПМНЕ го загуби коалицискиот потенцијал?

Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ го загуби коалицискиот потенцијал, изјави во Само вистина на Канал 5, поранешниот министер Никола Тодоров кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без поддршка од меѓународниот фактор. 

Тодоров додава дека СДСМ работи лошо, но ВМРО-ДПМНЕ според него со нерационална политика, си ги затвора вратите надвор и кон Албанците, и со тоа дозволува СДСМ да владее така како што владее. 

„Се скаравме со целиот свет, се скаравме со Албанците, и сега пак истата грешка“, вели Тодоров. 

Рече дека брзите чекори имаат страшно лоши резулати, а ние сме минорна држава со многу мала воена, економска, и политичка моќ. 

За екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека бил „архитект“ на многу добри работи кои партијата ги реализирала, и за себе си вели дека имал добри проекти, но имал и грешки. Тодоров јавно се извини на сите жени за Законот за абортус, затоа што можеби повредил нечии чувства. 

Слично

Поврзани вести