Дали власта би прифатила избори?
Власта ќе ја разгледа сериозно можноста за предвремени избори заедно со претседателските, како што побараа деновиве од ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак власта ја размислува и таа опција, иако сметаат дека опозицијата сака да дефокусира, потврди министерката за одбарана, Радмила Шекеринска. Таа вели дека има многу аргументи во полза на таа иницијатива.
Изборите не се идеална опција во моментов ниту за коалиционите партнери. Вицепремиерот Бујар Османи тврди дека и покрај добрите рејтинзи на ДУИ, изборите не одат во интерес на државата.
Техничка влада, па парламентарни избори паралелно со претседателските бараше опозицијата. Централниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ заседаваше до доцна во ноќта кога се гласаа промените на Уставот. Уставните измени како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја довеле државата на колена.
„Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, а уште помалку има капацитет да донесе економски просперитет. Единствен начин тоа да запре е да се охрабрат СДСМ и да се соочат со народот на парламентарни избори. Народот ќе им каже што мисли за сите нивни штетни и погрешни политики“, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на партијата и вчера на прес - конференција побара распуштање на Собранието во понеделник и распишување на предвремени парламентарни избори задно со претседателските. За оваа идеја, премиерот Зоран Заев смета дека треба сериозно да се разгледа во внатрепартиските органи.
