Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ВЛАДАТА ЌЕ ПРОГЛАСУВА КРИЗНА СОСТОЈБА: Се очекува дизелот да поскапи за 10 денари

ДАЛИ ВЛАДАТА ЌЕ ПРОГЛАСУВА КРИЗНА СОСТОЈБА: Се очекува дизелот да поскапи за 10 денари

Владата размислува за прогласување кризна состојба поради растот на цените на горивата, откако најновите движења на светските нафтени пазари покажуваат значителни поскапувања.

Според информации, се проценува дека дизел горивото би можело да поскапи за околу 10 денари по литар, додека цената на бензинот би се зголемила за околу 6 денари.

Во пресрет на можниот ценовен шок, Владата разгледува мерки за ублажување на ударот врз граѓаните и стопанството, меѓу кои намалување на даноците и интервенции за спречување дополнително поскапување на електричната енергија.

На вонредна владина седница, која се одржува денеска, се очекува да бидат донесени конкретни одлуки, по што премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на прес-конференција.

Властите засега не излегуваат со официјални детали, но се очекува мерките да бидат насочени кон стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард.


Слично

Поврзани вести