ДАЛИ ВЕТЕРАНИТЕ НА ОНА МУ ГО ВРТАТ ГРБОТ НА ДУИ: Со кого се сретнаа Хазби Лика и Гзим Острени?
Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имале средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата Вреди. Дел од медиумите на албански јазик во Македонија ова го протолкуваа како јасна порака за нивна поддршка на политиките на Вреди.
„Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната ОНА Хазби Лика и Гзим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на опозициската коалиција Вреди, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција“, пишува информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и Гзим Острени видени покрај Вреди!“
Порталот пишува дека Острени, една од највлијателните личности од периодот на војната, имал срдечен разговор со Изет Меџити, додека, Хазби Лика, една од личностите со голема тежина во структурите на поранешната УЧК и во политичките случувања по конфликтот во 2001 година, го виделе во друштво со Билал Касами во Тетово.
Фото: Принтскрин