Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали в недела ќе се договори поддршка за СЈО?

Дали в недела ќе се договори поддршка за СЈО?

Лидерска средба ќе има в недела. 

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека лидерската средба ќе се одржи во недела. Темите на кои ќе разговара со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се веќе познати, претстојните избори за претседател на државата, реформските закони и иднината на Специјалното јавно обвинителство.

По оваа средба се очекува да биде поизвесно дали опозицијата ќе го поддржи новото законско решение за СЈО или ќе бара одредени измени. Според опозицискиот лидер специјалното обвинителство не само што не ја оправда довербата и очекувањата за кои беше формирано, туку во изминатиот период целосно ги разочара граѓаните. За Мицкоски проектот Катица Јанева е завршена работа, но и натаму смета дека орган кој ќе гони висока корупција и ќе работи неселективно мора да има.

Слично

Поврзани вести