Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали убиецот на младиот фудбалер е надвор од државата?

Дали убиецот на младиот фудбалер е надвор од државата?

МВР поднесе кривична пријава против Филип Секуловски од Скопје кој засега според истрагата се води како првоосомничен за убиството над младиот фудбалер Мартин Јанушев пред неговата зграда во Аеродром. Исто така МВР против Секуловски распиша и меѓународна потерница што укажува на фактот дека најверојатно тој е надвор од државата за што и претходно имаше информации дека веднаш по убиството побегнал. 

Се додека не се расветли официјално случајот ќе продолжат да кружат шпекулации и претпоставки за тоа што навистина се случило. Секуловски бил на отслужување на затворска казна, но бил пуштен на слободен викенд наводно поради неговото добро поведение во затворот. Јанушев го застрелал од непосредна близина со пет куршуми во вратот и главата. За настанот има видео материјали од околните надзорни камери.

На социјалните мрежи се прошири и порака од наводно неговиот чичко Атанас кој го повикува што и да направил да се предаде, а на извезен Раде му порача да не се меша и да го ослободи од сите притисоци. Тој Раде подоцна се шпекулира дека е лицето кое во Италија беше приведено за случај со местени фудбалски натпревари и исто така се говори дека е дел од скопското подземје. Мотивот за убиството и натаму не е познат, ниту пак дали имало нарачка Мартин Јанушев да биде ликвидиран. 

Според информации кои се шират на социјалните мрежи Филип и Мартин се познавале и биле порано блиски, па така бројот на испукани куршуми и моментот на емотивна одлука укажува на лични мотиви, но конечниот одговор треба да го даде МВР.

Слично

Поврзани вести