Дали Техничката влада оди во историја?
Предлог-законот за влада со кој се бара укинување на досегашниот модел на преодна влада ја помина првата фаза.
Собранието со 67 гласа ЗА ја утврди потребата од донесување на предлог законот по скратена постапка, додека 13 пратениците гласаа против.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски се јави со реакција дека постојниот закон за влада е дел од листата на закони за реформската агенда и нема никаква потреба да се донесе нов по скратена постапка.
„Не се работи за брза постапка, предлог законот е даден на рагледување до сите партии од 20 јануари, а за него ќе се дискутира и во периодов што следи“, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ велат дека за секој закон што се носи по скратена постапка без можност за анализа не даваат поддршка.
