Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Таравари го искара Филипче: Од јавно-приватно партнерство, знаеме само за паркинзи

Дали Таравари го искара Филипче: Од јавно-приватно партнерство, знаеме само за паркинзи

Алијансата за Албанците го искритикува министерот за здравство Венко Филипче дека нетранспарентно го води процесот за постигнување јавно-приватно партнерство за детска кардиохирургија, иако како што велат од таму, се работи за комплексен процес.

- Преку ЈПП државата досега има искуство само со давањето на паркинзите со концесија, во градежништвото, собирањето на сметот, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците за договорот со приватната клиника Филип II за Детската кардиохирургија.

Од таму наведоа дека претходната власт вече направила еден катастрофален проект со јавно-приватно партнерство, давајќи концесии на центри за дијализа

- Во земјите на ЕУ или во светски рамки, имплементацијата на овој проект во здравство е направен со претходна студија за неговата реализација, областите каде ќе се аплицира, начинот на апликацијата, очекувањата, времетраењето, придобивките и др. Конкретни примери имаме и во соседството каде се почитувани сите протоколи и се видливи првите позитивни ефекти - велат од партијата.

Реакцијата е од секторот за здравство при Алијансата за Албанците, чиј член е Арбен Таравари, па се претпоставува дека министерот-претходник на Филипче ја осмислил оваа критика.


Слично

Поврзани вести