Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Столтенберг веќе станува здодевен?

Дали Столтенберг веќе станува здодевен?

Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг преку видео-обраќање.

Снимката следува откако вчера на македонската јавност и се обрати преку видео и претседателот на Франција, Емануел Макрон

Столтенберг веќе беше во Македонија на 6 септември за да потсети дека вратите на НАТО за Македонија се секогаш отворени. Во јули тој му ја предаде поканата од НАТО на премиерот на Македонија, Зоран Заев, кога исто така напомена дека условот кој треба да се исполни е да биде ратификуван договорот со Атина.

Повторно покажавте храброст, вели Столтенберг, да го пробиете вашиот сопствен пат кон неизвесност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО.

„Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога сте дел од најуспешната светска алијанса, и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.


Слично

Поврзани вести