Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали според Заев државата е душмански ограбена?

Дали според Заев државата е душмански ограбена?

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата за интерпелација на Владата одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека не можеле да предвидат колку е заробена државата, колку е финансиски урнисана, колку е душмански ограбена.

„И не сакаме да земаме стотици милиони кредити и да расте долгот, а патем долгот е паднат за еден процент во време на враќање на огромни долгови или 280 милиони евра само од „Скопје 2014“, 60 милиони во здравство, 50 во МВР, 30 милиони во одбрана и да не ги редам сите министерства натаму какви беа состојбите во државата. Точно, верувавме во големата дупка, но не верувавме дека постои разлика“ - вели Заев.

Тој ѝ се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ за враќањето во Парламентот, чии пратеници ја обвинија Владата дека „е најнеспособната, најнеработливата и сигурно најкриминалната влада во историјата на Македонија“.

Заев додаде и дека нема отпуштени вработени од администрацијата туку дека станува збор за луѓе чии договори за дело веќе истекле.

Јовановски рече дека очекувал од Заев барем да се извини за 180-те илјади евра трошоци за министрите. Според него, оваа Влада не треба да го прави тоа што го правела претходната. 

Седницата за доверба на Владата ќе заврши до полноќ и ќе се знае дали Владата ќе „преживее“. 

Слично

Поврзани вести