Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали според Хан има алтернатива ако референдумот не успее?

Дали според Хан има алтернатива ако референдумот не успее?

Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на маргините на неформалниот состанок на премиерите на Западен Балкан што се одржа во албанскиот град, Драч изјави дека македонските граѓани, треба да изберат – или изолација, или интеграција во Европската унија и повисок стандард. 

Тој не одговори дали има алтернатива доколку не успее референдумот во Македонија. 

Црногорскиот Душан Марковиќ вели дека во регионот се зајаканал политичкиот дијалог, но и довербата, а најдобар пример за тоа е токму  потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција.

Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, рече Хан. 

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, порача дека Косово има свои граници и истите нема да се менуваат. 

Премиерот Зоран Заев не дојде во Драч, а по стручната и безбедносната проценка на временската прогноза, од Владата донеле одлука да се откаже специјалниот лет за Тирана на владиниот авион. 

Слично

Поврзани вести