Дали Софија и европските институции ќе го осудат однесувањето на Џамбаски?
Очекувам осуда од официјална Софија и европските институции за однесувањето на европратеник, а јас секогаш ќе ги поддржувам Македонците, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5.
„Имавте прилика да видите како еден европратеник се однесува, дури и не можам да го коментирам, не знам дали воопшто заслужува тој човек било каков коментар и очекувам осуда од официјална Софија за неговото однесување. И очекувам исто така осуда од страна на европските институции за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и тоа остане неискритикувано тогаш навистина не знам што повеќе да додадам“, појасни Мицкоски.
Слично
