Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СО ЦЕЛ ПАМЕТ - Македонец возел со 218 километри на час, го уловил ноќниот радар на МВР

ДАЛИ СО ЦЕЛ ПАМЕТ - Македонец возел со 218 километри на час, го уловил ноќниот радар на МВР

Во текот на изминатата вечер (25/26.06.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи. 

„Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место“, се вели во соопштението од МВР и се додава дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Слично

Поврзани вести