Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали СЈО ќе нареди да се запрат истражните постапки?

Дали СЈО ќе нареди да се запрат истражните постапки?

Министерството за правда денеска соопшти дека суштинските разлики помеѓи власта и опозицијата во прегопворите за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство остануваат. Од таму додаваат дека аргументите на ВМРО-ДПМНЕ не се во согласност со европските препораки за отворање на преговорите.

Дел од медиумите известуваат дека главните разлики меѓу партиите се идниот статус и начинот на кој треба да функционира СЈО, како понатаму да продолжат истражните постапки почнати по 30 јуни 2017 година како и употребата на доказите во нив. 

„Макфакс“ повикувајќи се на извори од преговарачкиот процес тврди дека ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата да запрат сите истраги на СЈО заклучно со 30 јуни 2017 година, така што обвинителството ќе донесе наредби и резолуции за запирање на десетици отворени истражни постапки. Во амандманите нао ВМРО-ДПМНЕ пишивало и дека се против опцијата за преземање на истрагите на СЈО од останатите обвинителства и нивно понатамошно процесирање.

За да помине законот во Собранието неопходно е двотретинско мнозинство, односно консензус помеѓу сите политички партии.



Слично

Поврзани вести