Дали Симон Трпчевски навистина го прекинал концертот во Штип?
Во дел од медиумите се појави информација дека познатиот пијанист Симон Трпчевски во Штип го прекинал концертот затоа што во салата било ладно.
Но, Трпчевски не го прекинал настапот во Штип, туку свирел во студена сала.
Тој бил вистинско изненадување за публиката во Штип, и дошол на традиционалниот новогодишен концерт на Државното средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“.
„Она што им го кажав во Узбекистан беше дека нашите политичари или квазиполитичари или оние што мислат дека се вистински политичари, или оние кои што се влијателни луѓе и покажуваат дека искрено ја сакаат културата и уметноста, дека треба да сфатат еднаш засекогаш дека на културата и образованието, не смее да се штеди“, изјавил на сцената Симон Трпчевски.
Сепак, тој упатил критика дека на културата не треба да се штеди.
