Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали семејствата останаа сами на Светскиот ден на аутизмот?

Дали семејствата останаа сами на Светскиот ден на аутизмот?

Министерството за труд и социјална политика под водство на Мила Цароска имаше големи ветувања за поддршка на семејствата кои имаат деца со аутистичен спектар, а понудените решенија беа претставени уште во 2014 година кога СДСМ беше во опозиција, а ја криткуваше работата на тогашниот министер Диме Спасов. 

Тогаш, Царовска претстави три решенија за лицата со аутизам Формирање на национален Центар за рана дијагностика и третман на лицата со аутизам,  хумано сместување на аутистичните лица кои немаат семејна грижа или нивните семејства не можат да им овозможат соодветна грижа и Бесплатна здравствена заштита, бесплатен логопед и дефектолошки третман во домашни услови за сите лица со аутизам, покрај креирање на национален регистар за лица со аутизам. 

Од преземањето на функцијата Царовска помина речиси една година, а досега беше промовиран проект за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушување, од социјално загрозени семејства во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ во општина Аеродром. Кај родителите и активистите веќе постои незадоволство од бавното реализирање на ветувањата, особено на меѓународниот ден на лицата со аутизам. 

Својот глас го крена и новинарката Соња Христовска Угриновска. 

„Дали денеска на 2 април министерката Мила Цароска ќе го презентира долгоочекуваниот регистар на лицата со аутизам? Таа беше гласна критичарка дека претходната Влада не го носи регистарот и не ја следи статистиката на појавата на аутизам во Македонија. Многу добро знае колку е итно да се донесе и зошто е потребен.

Зошто не е донесен?

Царовска даде и три ветувања во име на СДСМ за лицата со аутизам: Национален центар за рана дијагностика и третман (по еден центар за лица со попреченост во секоја општина), хумано сместување на аутистичните лица кои немаат семејна грижа, како и бесплатна здравствена заштита, бесплатен логопед и дефектолошки третман во домашни услови за сите лица со аутизам!

Но, тоа само за пред гласање. Потоа иста плоча, ама пее Мурто. 

Денес се е итно за оваа Влада, ама лицата со аутизам и нивните семејства не. Ќе смениме државно име, ќе воведуваме двојазичност, ќе зголемуваме старосна граница за пензионирање, ќе воведуваме прогресивен данок..., ќе финансираме разноразни глупости и секаквости од разноразни културни, литературни, спортски, музички, па и верски програми ако треба, ќе дадеме ако треба и милијарда евра за отштета за раскинати договори, се е битно и приоритетно освен приоритетите - вистинските потреби на луѓето што останаа во Македонија!

Ќе губиме време и луѓе додека пропаѓаме економски, социјално и морално како општество. На крај и ќе свириме како оркестарот на „Титаник“.

Драги соборци, и на денешниот Светски ден на аутизмот потврдуваме дека - сме сами. Тие сами во нивниот свет, ние сами во борбата за нив“ посочи Христовска Угриновска. 

Слично

Поврзани вести