Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали се трошат непотребно огромни пари за детски родендени

Дали се трошат непотребно огромни пари за детски родендени

Празнувањето на детските родендени во земјава стануваат како натпревар меѓу родители.  

Кое дете ќе биде најмодерно облечено, со фризури, со слатки маси, најголеми и скапи торти и секако во последно време посебен аниматор за децата и покрај веќе платената игротека.

Сведоци сме сите ние, и не може да не се запрашаме колку пари имаат потрошено родителите  за само еден детски  роденден.

Се закажува термин во игротека неколку недели пред роденденот, а самото изнајмување чини од 1500 денари па нагоре. Со недели се шета по продавници за облека и чевли, се обмислува стајлингот на детето, па и целото семејство. Најчесто при славење на прв роденден можете да видите и како мајката се потрудила сите членови да бидат облечени во иста боја, пример сите се облечени во црвено, или крем . . . . А има и родители, односно мајки кои по нарачка шијат фустани исти како за себе така и за своето малечко, секако дури и таткото има кошула од истиот принт(материјал).

Потоа се порачува роденденската торта која најчесто е украсена по тема. Тема која ќе биде акцентирана и на слатката маса. Односно тоа е посебна маса, настрана од масата за посложување мезе. 

На слатката маса најчесто можете да видите изработени мафини, крофни, ситни колачи кои се украсени во темата на тортата. Пример слатка маса тема јуникорн, или тема мајнкрафт, мини маус, мики маус . . . Овие маси заедно со тортата почнуваат од 5000 денари па нагоре.

Како за секоја прослава така и за родендени има маса со мезе. Најчесто се послужува млечна салата, кифлички, сувомеснато, пици а многу често може да видите и поховано. Овој тип на маса по кетеринг услугите се движат од 5000 денари па нагоре. Секако има и родители кои сите овие јадења ги подготвуваат дома, па купуваат само намирници кои би ги чинеле околу 2500-3000 денари.

Во поново време родителите за да ги направат позабавни и по различни родендените на своите деца знаат да ангажираат  аниматор или магионичар како дополнителна забава, забава која ќе ги чини родителите плус околу 4000 денари.

Ако во минатото дечињата славеа родендени во слаткарници и сендвичари, уживаа во тоа, беа среќни со едно сокче и една слатка или пак еден сендвич. Сигурно децата како деца и денес би биле среќни само затоа што го прославуваат својот роденден со своите другарчиња.

За да се покажат родителите пред луѓето, забораваат дека детето е најважно, а тоа како дете би било среќно да трча, да игра и да дува свеќи со своите другарчиња. Останатото му е целосно небитно.

Родителите се најчесто виновни за денешните прескапи прослави. 


Фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести