Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА ОВОЈ ЧОВЕК“: ВМРО-ДПМНЕ со фотографии од Спасовски испрати прашање до Филипче и Заев

„ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА ОВОЈ ЧОВЕК“: ВМРО-ДПМНЕ со фотографии од Спасовски испрати прашање до Филипче и Заев

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение полно со фотографии од координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, испрати прашање до лидерот на опозициската партија Венко Филипче и поранешниот лидер на партијата Зоран Заев: „Дали се сеќавате на овој човек?“

„Пред да дозволуваат реакции и соопштенија од СДС и да кажувате глупости во јавноста, да ве потсетиме на овие моменти. Не е поентата дали министер е на партиски настан, туку дали истиот ја злоуоптребува позицијата. Вие тргнувате од себе и мислите дека сите така прават. Грешите. А и знаеме зошто го таргетирате Панче Тошковски, да не е случајно заради некои муабети дека почнати се сериозни истраги против криминалци поврзани со политичари кои се одзиваат на имиња што ви се познати и ги слушате често?, се вели во сооштението од МВРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека секој што правел криминал, треба да има страв. 

„Од тоа е стравот. Бидете реални. И да бидеме и ние реални, секој што правел криминал треба да го има. Во прилог испраќаме фотографии каде што се гледа Оливер Спасовски од СДС на партиски митинзи во 2021 година, за време на изборната кампања непосредно пред локалните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести