Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали се очекува невреме и дожд?

Дали се очекува невреме и дожд?

Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. 

Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе бележат благ пораст во однос на претходните денови и ќе се движат од 5 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 9 односно до 22 степени, температури кои што се под просекот за овој период од годината. Ув индексот ќе биде 5.

Во вторник времето ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 22 степени. Во среда ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне само во крајните западни предели со услови за врнежи од дожд. Минималните температури ќе се движат од 2 до 11 степени, а максималните од 12 до 24 степени.  Во четрврток се очекува стабилизација на времето и посвежо утро со утрински температури од 0 до 9 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со максимални 17 односно 29 степени. Во петок се очекува умерено облачно време со сончеви периоди и многу топло, а утринските температури ќе бидат од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени.

Слично

Поврзани вести